Турција четврта земја во светот која извезува офанзивни хеликоптери

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) која фрли потпис за продажба во текот на оваа година на 30 хеликоптери Атак на Пакистан, исто така има за цел наскоро да потпише договор и со Филипините

1110712
Турција четврта земја во светот која извезува офанзивни хеликоптери

Турција со продажбата на хеликоптерите Атак, после САД, Русија и Франција, стана четврта земја која извезува офанзивни хеликоптери.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во периодот јануари-октомври за 10 месеци, оваа година е реализиран извоз на делови за авиони и хеликоптери во износ од 513 милиони 800 илјади долари.

Во овој период од 10 месеци, вкупниот остварен извоз во одбраната и воздухопловството изнесува 1 милијарда 553 милиони 805 илјади долари.

Воедно бројот на земјите на кои Турција им продаде делови за авиони и хеликоптери во износ од над 100 илјади долари, достигна до 32 земји.

Освен во извозот на делови Турција влезе и меѓу земјите кои извезуваат платформи во сферата на воздухопловството.

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) која фрли потпис за продажба во текот на оваа година на 30 хеликоптери Атак на Пакистан, исто така има за цел наскоро да потпише договор и со Филипините.



Слични вести