Во Франција намалена стапката на економскиот раст

Франција како земја со втор најголем економски раст во Европа, во последниот квартал на годинава ќе постигне раст под очекувањата

1109826
Во Франција намалена стапката на економскиот раст

Како последица на протестите на „жолтите елеци“ во Франција дојде до намалување на стапката на економски раст.

Францускиот институт за статистика и економија (ИНСЕЕ) соопшти дека прогнозата за економски раст на земјата која изнесуваше 1,7 отсто, како последица на протестите во 2018 година ја намали на 1,5 отсто.

Според соопштението кое беше објавено од страна на институтот, Франција како земја со втор најголем економски раст во Европа, во последниот квартал на годинава ќе постигне раст под очекувањата.



Слични вести