Турција оствари извоз од 1,4 милијарда чорапи во Европа

Најголем профит беше остварен од извозот на чорапи во Обединетото Кралство и тоа 215,3 милиони долари

1109921
Турција оствари извоз од 1,4 милијарда чорапи во Европа

Турција од извозот на 1,4 милијарда чорапи во Европа во периодот од јануари до ноември оствари приходи од 900 милиони долари.

Најмногу чорапи беа испратени во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Холандија и Шпанија.

Според податоците на Турскиот завод за статистика (ТУИК), најголем профит беше остварен од извозот на чорапи во Обединетото Кралство и тоа 215,3 милиони долари.

Германија со 183,4 милиони долари се наоѓа на второ место, Франција со 95,2 милиони долари на трето, Холандија со 56,6 милиони долари на четврто, Шпанија со 42,5 милиони долари на петто место.

Според податоците на Меѓународниот трговски центар, Турција по Кина е втор најголем извозник на чорапи во светот.

Претседателот на здружението на производителите на чорапи Илкер Озташ во изјавата за печатот рече дека Турција намирува 9 насто од светските потреби на чорапи.

85 насто од чорапите што се произведуваат се извезуваат во странство, додека 90 насто од надворешната продажба се остварува во земјите членки на ЕУ.

Илкер Озташ меѓудругото потенцираше дека Руската федерација, Источна Европа, Балканските земји, земјите од Блискиот Исток и туркофонските републики се наоѓаат меѓу пазарите со висок потенцијал.



Слични вести