Берат Албајрак: Турција презентира мошне значаен перформанс во третата четвртина од годинава

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека Турција со позитивен раст презентира мошне значаен перформанс во третата четвртина од годинава.

1105009
Берат Албајрак: Турција презентира мошне значаен перформанс во третата четвртина од годинава

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак денеска во Анкара Албајрак учествуваше на Петтиот состанок на Реформската акциона група.

По состанокот министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за правда Абдулхамит Ѓул одржаната заедничка прес-конференција.

Во оваа пригода министерот Берат Албајрак истакна дека Турција со позитивен раст презентира мошне значаен перформанс во третата четвртина од годинава.

Албајрак во својот говор правејќи проценка на растот на турската економија од 1,6 отсто во третата четвртина од 2018 година, напомена дека во месец октомври многу посилно и од претходните 2 месеци со суфицит на тековната сметка (тековен вишок) од 2, 77 милијарди долари е соборен рекордот на сите времиња и сето тоа става до знаење дека економските политики напредуваат цврсто.

Велејќи дека процесот на балансирање на економијата оди кон уште подобро, Албајрак рече дека Турција ќе продолжи со одлучност да ги фрла своите конструктивни и позитивни чекори

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак воедно соопшти дека третиот состанок за економски дијалог на високо ниво меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) ќе се одржи во февруари 2019 година.

 



Слични вести