Турската економија во третата четвртина на 2018 година оствари раст од 1,6 отсто

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека прогнозата за бруто домашниот производ (БДП) како верижен волуменски индекс во третата четвртина од оваа (2018) година во споредба со истата четвртина од минатата година забележа раст од 1,6 отсто

1103815
Турската економија во третата четвртина на 2018 година оствари раст од 1,6 отсто

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на бруто домашниот производ (БДП) во врска со третата четвртина од годината (јули-септември 2018).

Според тоа, прогнозата за бруто домашниот производ (БДП) како верижен волуменски индекс во третата четвртина од оваа (2018) година во споредба со истата четвртина од минатата година забележа раст од 1,6 отсто.

Прогнозата за бруто домашниот производ со тековни цени според методот на производство, во третиот тромесечен период од оваа (2018) година споредено со истиот период минатата (2017) година со раст од 21,8 отсто изнесуваше 1 трилион 13 милијарди 4534 милиони турски лири.

Кога ќе се анализираат активностите кои го сочинуваат бруто домашниот производ (БДП), додадената вредност на земјоделскиот сектор како верижен волуменски индекс во третата четвртина од оваа (2018) година во споредба со истиот тромесечен период минатата (2017) година се зголеми за 1-отсто, во индустрискиот сектор за 0,3 отсто, а во секторот на градежништвото се намали за 5,3 отсто.

Исто така и додадената вредност на секторот на услуги која што се состои од вкупните активности во трговијата, транспортот, сместувањето и храната забележа раст од 4,5 отсто.

Од друга страна, бројките на економски раст во врска со првите две четвртини од оваа (2018) година беа ревидирани.



Слични вести