Прометот на цивилното воздухопловство во Турција достигна до 110 милијарди турски лири

Прометот во секторот на цивилното воздухопловство во Турција во 2003 година изнесуваше 3 милијарди турски лири (приближно 567 милиони долари), додека денеска достигна дури до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милијарди 800 милиони долари)

1103518
Прометот на цивилното воздухопловство во Турција достигна до 110 милијарди турски лири

Турција како земја која се наоѓа на географска местоположба од каде што со 4 часовно патување со авион може да се достигне до 1,5 милијарди луѓе на земјината топка, благодарение на нејзината економска состојба, технологијата која што напредува и растечката конкуренција постигна три кратен раст во нејзиното воздухопловство со брз раст, во споредба со просекот во светот.

Прометот во секторот на цивилното воздухопловство во Турција во 2003 година изнесуваше 3 милијарди турски лири (приближно 567 милиони долари), додека денеска достигна дури до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милијарди 800 милиони долари).

Турција по бројот на авиопатници е на десето место во светот, а на четврто место во Европа.

Како резултат на политиките кои што се водат од 2003 година досега бројот на авиони со кои што располагаат авиокомпаниите се зголеми за 220 отсто, капацитетот на седишта за 254 отсто, капацитетот на карго за 449 отсто, а бројот на дестинации во земјата и странство, т.ј. домашни и меѓународни дестинации достигна до 351. 

Во 2003 година во рамките на стопанисувањето со цивилното воздухопловство во Турција имаше 626 воздушни летала, додека заклучно до август 2018 година оваа бројка се зголеми на 1.390 воздушни летала.

Бројот на вработени во секторот на цивилното воздухопловство од 65 илјади заклучно со крајот на 2017 година достигна до 196 илјади 41 лице.



Слични вести