Турција во ноември собори рекорд во извозот: Реализиран е извоз од 15 милијарди 532 милиони долари

Со остварениот извоз во месец ноември во износ од 15 милијарди 532 милиони долари, износот на 12 месечниот извоз на Турција ја надмина бројката од 168 милијарди долари со што е постигнат нов рекорд во извозот

1099405
Турција во ноември собори рекорд во извозот: Реализиран е извоз од 15 милијарди 532 милиони долари

Турција со секој месец соборува нови рекорди во извозот.

Со остварениот извоз во месец ноември во износ од 15 милијарди 532 милиони долари, износот на 12 месечниот извоз на Турција ја надмина бројката од 168 милијарди долари.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан завчера ги соопшти бројките во извозот и рече: „Достигнавме до највисоките вредности воп историјата на Републиката“.

Во месец ноември (2018 година) во споредба со истиот месец (ноември) минатата (2017) година со раст од 9,49 отсто е реализиран извос во висина од 15 милијарди 532 милиони долари.

Со тоа и извозот на Турција во последните 12 месеци со раст од 7,8 отсто се зголеми на 168 милијарди 77 милиони долари.

Вредноста на извозот за кој што во економската програма се предвидува да се оствари на крајот на годината изнесува 170 милјарди долари.

Според економската власт Турција ќе ја постигне оваа цел.

Освен тоа бројот на земјите во кои Турција реализира извоз со сопствена национална валута во месец ноември се зголеми на 174 земји.

Како што се истакнува, трговскиот обем со национална валута достигна до 10 милијарди турски лири (приближно 2 милијарди долари)

Додека во месец ноември беше остварен раст во извозот беше забележан и пад во увозот.

Според тоа увозот во ноември во споредба со истиот месец минатата година со пад од 21,5 отсто се намали на ниво од 16 милијарди 136 милиони долари.

На тој начин дефицитот во надворешната трговија на Турција во ноември се намали за 90 отсто и опадна на 605 милиони долари.

 



Слични вести