Турција од здравствениот туризам досега има заработено околу 1,5 милијарди долари

Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Досега од здравствениот туризам имаме заработено некаде околу 1,5 милијарди долари. Тоа не го сметаме за доволно. Мислиме дека до 2023 година тоа во медикалниот туризам би можеле да го зголемиме 5 кратно.“

1097645
Турција од здравствениот туризам досега има заработено околу 1,5 милијарди долари

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека не постои друга земја која врши здравствени услуги по поповолни цени од оние кои што ги врши Турција.

Министерот Коџа напомена дека за здравствен туризам најголем број лица доаѓаат во Турција од земји како што се Азербејџан, Ирак, Грузија, Германија и Русија.

Велејќи дека на пациентите кои доаѓаат им се пружи квалитетна услуга во безброј сфери на чело со онкологијата, мозочната хирургија и радиотерапијата, Коџа рече дека едната од најголемите предности на Турција во здравствениот туризам е нејзината географска местопололжба и додаде дека на растојание од четири часовен лет може да се има пристап до 1,5 милијарди луѓе и дека ова население е на ниво од средни и високи примања.

Фахреттин Коџа истакна дека се има за цел со склучување на договори со држави и со јавни и приватни фирми за осигурување да се влезе во еден поинтензивен период во сфери како што се пресадување на коса, пресадување на органи, лекување на рак, радиотерапија и сл.

Тој рече: „Не постои друга земја во светот која здравствените услуги ги пружа со вакви поволни цени како Турција.“ 

„Досега од здравствениот туризам имаме заработено некаде околу 1,5 милијарди долари. Тоа не го сметаме за доволно. Мислиме дека до 2023 година тоа во медикалниот туризам би можеле да го зголемиме 5 кратно.“



Слични вести