Раст во продажбата на станови во Турција во октомври 2018 г.

Во месец октомври во споредба со претходниот месец во бројот на продадени станови во Турција е остварен раст од 15,1 отсто, а во споредба со истиот месец (октомври) во минатата 2017 година раст од 19,2 отсто

1092544
Раст во продажбата на станови во Турција во октомври 2018 г.

Бројот на продадени станови во Турција во месец октомври во споредба со претходниот месец (септември) оствари раст од 15,1 отсто, а во споредба со истиот месец (октомври) во минатата 2017 година забележа раст од 19,2 отсто.

Според податоците објавени од страна на Турскиот институт за статистика (ТУИК), најмногу станови со 27.156 станови што сочинува 18,5 отсто од вкупниот број се продадени во Истанбул.

По Истанбул според бројот на продадени станови следуваат Анкара со 13.430 станови и процент од 9,2 и Измир со 7.419 станови и процент од 5,1 отсто.

Бројот на продадени станови на странски државјани во месец (октомври) оваа година во споредба со истиот месец минатата година со раст од 134,4 отсто се зголеми на 6.276 станови.

По бројот на продадени станови на странски државјани во октомври 2018 година на прво место е Истанбул со 2.283 станови.

По Истанбул редум следуваат Анталија со 1.160 станови, Бурса 448, Анкара 392 и Јалова со 321 продаден стан.

Во месец октомври најмногу станови во Турција купија државјани од Ирак на кои им беа  продадени 1.439 станови, а потоа следуваат државјани од Иран со купени 557 станови, Кувајт со 378, Германија 341 и Русија со 336 станови.

 



Слични вести