Извозот на јајца на Турција во периодот јануари-октомври достигна 354 милиони долари

Годинашниов извоз на секторот на јајца до крајот на годинава се очекува да достигне 425 милиони долари и да се собори рекордот на последните 10 години

Извозот на јајца на Турција во периодот јануари-октомври достигна 354 милиони долари

Извозот на јајца на Турција во периодот јануари-октомври годинава во споредба со истиот период лани со раст од 18 насто достигна 354 милиони долари.

Во соопштението кое беше објавено од страна на  Централната унија на производителите на јајца на Турција беше истакнато дека годинашниов извоз на секторот до крајот на годинава се очекува да достигне 425 милиони долари и да се собори рекордот на последните 10 години.

Во соопштението беше истакнато дека секторот на јајца постојано ја развива и обновува инфраструктурата и со зголемување на квалитетот се стекна со значајно место во светското производство на јајца. Со вкупно производство на 22 милијарди јајца скеторот се наоѓа на деветто место во светот, додека од аспект на порастот на извозот на трето место.



Слични вести