Турција од извоз на туршија во 98 земји ширум светот заработи 151 милион долари

Турција од реализираниот извоз на туршија во 98 земји ширум светот во периодот јануари-септември годинава заработи девизни средства во износ од 151 милион долари

1079584
Турција од извоз на туршија во 98 земји ширум светот заработи 151 милион долари

Турција во периодот јануари-септември, за 9 месеци годинава реализира извоз на туршија за 98 земји ширум светот и од тоа заработи девизни средтва во износ од 151 милион долари.

Според објавеното соопштение од Унијата на извозниците од Егејската област (ЕИБ) на првото место според земји во кои е реализиран извоз на туршија во периодот јануари-септември за 9 месеци годинава од Турција за 98 земји ширум светот, се наоѓа Германија.

Од Турција за Германија е извезена туршија во износ од 35 милиони долари. 

За САД е извезена туршија во износ од 22,6 милиони долари, а за Хландија 21,7 милиони долари.

Делот од 121 милион долари од реализираниот извоз на туршија е остварен од Егејската област.

Од истата област (Егејската) е извезена туршија од краставички-корнишони во износ од 40 милиони 418 илјади долари, туршија од лути пиперки во износ од 36 милиони 242 илјади долари и туршија од пиперки (слатки) во износ од 27 милиони 892 илјади долари.

 



Слични вести