Турција ќе формира нова компанија за истражување и експлоатација на руди во странство

Заменикот-министер за енергија и природни ресурси Митхат Џансиз на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција ќе формира компанија за истражување и експлоатација на руди во странство чија рута ќе бидат Централна Азија и Африка

1057934
Турција ќе формира нова компанија за истражување и експлоатација на руди во странство

Генералната дирекција за испитување и истражување на руди (МТА) на Турција ќе формира нова компанија за истражување и експлоатација на руди во странство.

Рутата на оваа нова компанија ќе бидат Централна Азија и Африка.

Развојот по ова прашање го соопшти заменикот-министер за енергија и природни ресурси Митхат Џансиз преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Заменик-министерот Џансиз истакна дека се започнати работите за формирање на оваа нова компанија за истражување и експлоатација на руди во странство.

Тој во својата објава напиша: „Оваа нова компанија ќе се здобие со дозволи за истражување и експлоатација на руди во Африка и Централна Азија, во најскоро време ќе го заврши своето структуирање и ќе ги започне своите работи.“

Компанијата која ќе се формира во склопот на Генералната дирекција за испитување и истражување на руди (МТА), има за цел Турција да стане влијател актер на глобалниот пазар во рударството. 

Компанијата ќе води активности за истражување и експлоатација на руди, како и стопанисување со руди во странство.

 



Слични вести