Најголем извоз на зелени пиперки од Турција е остварен за Германија, а потоа следува Русија

Извозот на зелени пиперки од Турција во периодот 1 јануари-15 септември 2018 година во споредба со истиот период минатата (2017) година со раст од 36 насто достигна до 75.500 тони и се остварени приходи од 68,5 милиони долари

1057462
Најголем извоз на зелени пиперки од Турција е остварен за Германија, а потоа следува Русија

Извозот на зелени пиперки на Турција заклучно со месец септември во споредба со истиот период минатата (2017) година со раст од 36 насто достигна до 75.500 тони.

Во истиот период извозот на пиперки од Турција за Русија оствари раст од над 4 илјади пати.

Според добиени информаци од Уиите на извозниците од Улудаг (УИБ), зелените пиперки од различни сорти произведени во различни градови на Турција, а пред се во Средоземноморската, Егејската и Мраморната област, годинава (2018) во периодот 1 јануари-15 септември се извезени во 49 земји ширум светот.

Продажбата на зелени пиперки во странство во споредба со истиот период минатата (2017) година количински се зголеми за 36 насто и од 55.400 тони достигна до 75.500 тони.

Приходите заработени од извозот за кој што станува збор со раст од 23 насто се зголемија на 68,5 милиони долари.

Најмногу зелени пиперки беа продадени на Германија.

Извозот за оваа земја со раст од 20 насто, од 15.000 тони достигна до 18.000 тони.

После Германија најголем извоз на зелени пиперки беше остварен за Русија.

Остварениот извоз за Русија заклучно со 15 септември 2018 година, во споредба со истиот период минатата (2017) година, се зголеми дури за приближно 4.246 пати.

Продажбата за Русија која што минатата година изнесуваше 2,5 тони оваа година достигна до дури 10.615 тони.

Извозот на зелени пиперки за Романија исто така се зголеми за 56 насто и достигна до 8.300 тони.

 



Слични вести