Албајрак: Прогнозата за раст во 2019 изнесува 2,3, додека за инфлационата стапка 15,9 насто

Новата програма се заснова на три основни елементи и тоа урамнотежување, дисциплинираност и промена

1053310
Албајрак: Прогнозата за раст во 2019 изнесува 2,3, додека за инфлационата стапка 15,9 насто

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак при објавувањето на Новата економска програма рече: „Прогнозата за раст во 2019 изнесува 2,3, додека за инфлационата стапка 15,9 насто“.

Берат Албајрак направи проценка на новата економска програма во работната канцеларија на претседателството во сарајот Долмабахче во Истанбул.

При подготвувањето на новата економска програма, имавме за цел да напишеме нова приказна за нашата успешна економија. Затоа оваа програма ја нарековме Нова економска програма.

Министерот за трезор и финансии Албајрак рече дека Новата програма се заснова на три основни елементи и тоа урамнотежување, дисциплинираност и промена.

Адаптацијата на целите на програмата со вистините на земјата и моќта на брзо донесување одлуки од страна на економското раководство ќе ги оствариме во претстојните три години.

Целите на економски раст според Новата економска програма за 2018 беше определен 3,8 насто, за 2019 година 2,3 насто, за 2020 година 3,5 насто и за 2021 година 5 насто.

Целта на стапката на буџетскиот дефицит кон Бруто домашниот производ (БДП) за 2018 е да се постигне 1,9 насто, за 2019 година 1,8 насто, за 2020 година 1,9 насто, за 2021 година 1,7 насто.

Целите од аспект на инфлационата стапка  во Новата економска програма за 2018 година е 20,8 насто, 2019 година 15,9 насто, 2020 година 9,8 насто, 2021 година 6 насто.

Целта од аспект на стапката на невработеност за 2018 година е дас е постигне 11,3 насто, 2019 година 12,1 насто, 2020 година 11,9 насто, 2021 година 10,8 насто.



Слични вести