Туркиш Ерлајнс достигна до највисок процент на пополнетост во својата историја

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со 85,6 насто го долови највисокиот процент на пополнетост во месец август во својата историја, а бројот на превезени авиопатници в месец август достигна до 7,6 милиони лица

1049929
Туркиш Ерлајнс достигна до највисок процент на пополнетост во својата историја

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со перформанс од 85,6 насто достигна до највисокиот процент на пополнетост во месец август во својата историја.

Трендот на раст во бројот на превезени авиопатници оваа година продолжи и во месец август. 

Бројот на превезени патници по воздушен пат во споредба со истиот месец (август) минатата година забележа раст од 2,4 насто и достигна до 7,6 милиони лица, додека вкупниот процент на пополнетост во авионите на Туркиш Ерлајнс достигна до 85,6 насто. 

Обемот на транспорт на карго и пошта продолжи со трендот на раст со двоцифрени бројки од изминатите години и во споредба со истиот период минатата година оствари раст од приближно 21 насто.  Во овој раст во транспортот на карго придонесоа Северна Америка со 32 насто, Европа 24 насто, Далечниот исток 22 насто и Блискиот исток со 18 насто.

Во процентот на пополнетост во месец август во споредба со истиот месец минатата година во Африка имаше раст од 3,1 поен, на Далечниот исток 2,3 поени, на домашните линии 2,2 поени и во Северна Америка раст од 2,1 насто.

Според резултатите на авионскиот сообраќај во периодот јануари-август, за 8 месеци во оваа година во споредба со истиот период минатата 2017 година е остварен раст во побарувачката од 12 насто.

Бројот на авиопатници исто така со раст од 13 насто за 8 месеци достигна до 51 милион.



Слични вести