Француско-германска соработка против санкциите на САД
Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер истакна дека заедно со Германија се работи на механизам кој што и покрај санкциите на САД ќе обезбеди можност да бидат финансирани различни меѓународни проекти

Француско-германска соработка против санкциите на САД.
Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер истакна дека заедно со Германија се работи на механизам кој што и покрај санкциите на САД ќе обезбеди можност да бидат финансирани различни меѓународни проекти.
Ле Мер рече: „Ние заедно со Германија одлучивме да развиеме независен европски или француско-германски финансиски механизам. Овој механизам ќе спречи да станеме второстепени загрозени од санкциите кои што ги спроведуваат САД.“
Велејќи „Јас сакам Европа да стане независен континент, а не законска територија“, Ле Мер го подвлече следното: „Тоа пак значи да се располага со целосно независни финансиски средства, а ние моментално не располагаме со такви средства.“
Претходно (вчера) и германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас изјави дека нивен приоритет е независна и силна Европа.
Мас напомена дека ќе се делува независно од САД и ќе се фокусира на зачувување на мултилатералниот светски поредок.