Извозот на кондурите од Турција во Русија во периодот јануари-јули се зголеми за 120 насто

На прво место на најмногу извезени кожни производи се наоѓаат чевлите

1035520
Извозот на кондурите од Турција во Русија во периодот јануари-јули се зголеми за 120 насто

Извозот на чевлите од Турција во Русија во периодот јануари-јули се зголеми за 120 насто и достигна 91 милион 707 илјади долари.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Здружението на извозниците од Егејот, турскиот кожен сектор во периодот јануари-јули 2018 година во извозот во Русија со пораст од 64 насто достигна 144 милиони долари.

На прво место на најмногу извезени кожни производи се наоѓаат чевлите.

Еркан Зандар претсдетаелот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на кожа и кожни производи на Егејот во изјавата рече дека со цел да го зголемат извоз се ангажираат да учествуваат на скоро сите саеми во светот.

Русија е традиционален пазар од аспект на извозот на кожните производи. До крајот на годинава сакаме да постигнеме вкупен извоз на кожа и кожни производи од околу 250 милиони долари. Поволниот развој на политичките односи меѓу двете земји позитивно ќе се одрази и врз извозните бројки, рече Зандар.



Слични вести