Министерката за трговија Пекџан: Турција возврати и ќе продолжи да возвраќа на санкциите на САД

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека со воведените дополнителни мерки е елиминиран нападот врз нашите финансиски пазари и рече: „Возвративме и ќе продолжиме да возвраќаме на санкциите на САД.“

1034494
Министерката за трговија Пекџан: Турција возврати и ќе продолжи да возвраќа на санкциите на САД

Министерката за трговија Рухсар Пекџан направи проценка на бранувањата на девизниот курс и истакна дека Турција возврати и ќе продолжи да возвраќа на санкциите на САД. 

Велејќи дека со воведените дополнителни мерки е елиминиран нападот врз нашите финансиски пазари, Пекџан рече: „Возвративме и ќе продолжиме да возвраќаме на санкциите на САД.“

Министерката Пекџан нагласи дека со иста сила продолжува перформансот на раст во извозот во производството на Турција и го истакна следното: „Гледаме дека привремените бранувања, шпекулативните движења не се совпаѓаат со вистините на економијата на Турција.“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан рече: „Благодарение на преземените дополнителни мерки од страна на нашите одделни министерства под координација на претседателот (Реџеп Тајјип Ердоган) сите заедно гледаме дека е елиминиран нападот врз нашите финансиски пазари. За најскоро време ќе бидат доведени на стабилно ниво онака како што треба и показателите во врска со нашата економија.“



Слични вести