Чавушоглу: Почна бегството од доларот кој се користи како средство за напад врз сите земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека поради тоа што САД почнаа својата валута да ја користат како средства за напад врз сите земји почна бегството од доларот

1032308
Чавушоглу: Почна бегството од доларот кој се користи како средство за напад врз сите земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со својот руски колега Сергеј Лавров се осврна на економските санкции на САД и Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу истакна дека поради тоа што САД почнаа својата валута да ја користат како средства за напад врз сите земји почна бегството од доларот.

Велејќи „Ние сме против едностраните санкции на САД или на било која друга земја“, Чавушоглу истакна дека од друга страна Турција ги прифати санкциите на Обединетите нации (ОН) и истите ги стави во примена.

Како што напомена Мевлут Чавушоглу, Турција и претходно истакна дека е против и санкциите на Европската унија (ЕУ) кон Русија.

Чавушоглу рече: „Рековме дека нема да се придржуваме и кон одлуките на САД за санкции кон Иран. Од санкциите кон Иран се вознемирени и Европската унија (ЕУ) и азиско-пацифичките земји. Треба да заврши периодот на силечии. Не може со насилно наметнување.“

Подвлекувајќи дека кај Европската унија (ЕУ) постои загриженост поради одлуките на САД за санкции кон Турција, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „САД почнаа својата валута да ја користат како средство за напад врз секоја земја. Отсега почнавме да ја согледуваме тенденцијата на бегство од доларот. Турција која располага со силна економија е значајна за сите нејзини соседи.“



Слични вести