Американско-турскиот совет вознемирен од одлуката на Трамп во врска турскиот челик и алуминиум

Во објавеното соопштение од Американско-турскиот совет (ATC) се истакнува дека се чувствува мошне длабока вознемиреност од одлуката на американскиот претседател Трамп за воведување на дополнителни оданочувања за челикот и алуминиумот од Турција

1031760
Американско-турскиот совет вознемирен од одлуката на Трамп во врска турскиот челик и алуминиум

Американско-турскиот совет (ATC) покажа реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на дополнителни оданочувања за челикот и алуминиумот од Турција.

Во објавеното писмено соопшштение од Советот се вели следното: „Овие оданочувања трговски се неосновани и ќе им наштетат на американските фирми и работници кои работат со турскиот метал.“

Во соопштението се нагласува дека Американско-турскиот совет (ATC) чувствува мошне длабока вознемиреност од одлуката на американската управа за воведување на дополнителни оданочувања за челикот и алуминиумот од Турција.

Се истакнува дека Американско-турскиот совет (ATC) управата на Трамп треба да ја преразгледа повторно оваа затегнатост која се преобрази во трговска војна.

Во соопштението исто така се бара од деловниот свет да упати повик за изнаоѓање на заеднички точки во односите помеѓу властите.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер соопшти дека оданочувањата за челикот и алуминиумот кои што се увезуваат од Турција се зголемуваат за два пати.



Слични вести