Новиот економски модел на Турција

Нашиот принцип во рамките на новиот економски приод ќе биде воспоставување активна комуникација и доверба со сите акционери на пазарот

1030010
Новиот економски модел на Турција

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече дека ќе продолжи целосната независност на монетарните политики потенцирајќи дека независноста на Централната банка е една од критичните основи.

Министерот Албајрак го објави Новиот економски модел.

Нашиот принцип во рамките на новиот економски приод ќе биде воспоставување активна комуникација и доверба со сите акционери на пазарот.

Еден друг значаен принцип е обезбедување целосна независност и на монетарните политики.

Столбот на Новиот економски приод е силна борба против инфлацијата, посилно Министерство за трезор и финансии, намалување на тековниот дефицит.

Повремено ќе одржуваме состаноци со бизнисмените и економистите, рече Албајрак нагласувајќи дека новиот период, ќе биде процес во кој Турција силно ќе напредува со сите свои установи, детални стратегии и посилни политики за остварување на предвидените цели.



Слични вести