Министерот за енергија и природни ресурси Донмез: Енергетската трговија со Иран ќе продолжи

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека енергетската трговија со Иран е легитимна трговија и ќе продолжи

1028328
Министерот за енергија и природни ресурси Донмез: Енергетската трговија со Иран ќе продолжи

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во програмата во живо на еден приватен телевизиски канал одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Донмез истакна дека енергетската трговија со Иран е легитимна трговија и ќе продолжи.

Донмез нагласи дека безбедноста во снабдувањето со енергија е прашање од крајно големо значење и напомена дека со Иран се води трговија која што се протега до многу долги години и тоа поготово во увозот на нафта и природен гас од оваа земја.

Укажувајќи на тоа дека увозот на природен гас се реализира согласно постигнат договор на долг временски период, министерот Фатих Донмез продолжи со следните зборови: „Овој договор е склучен до 2026 година и ќе продолжи. Ние оттаму купуваме годишно приближно околу 9,5 милијарди кубни метри природен гас. Според тоа што не би можело да стане збор да ги оставиме нашите граѓани во студ или во мрак, согласно одредбите на договорот оваа наша трговија ќе продолжи.“

Привлекувајќи внимание кон тоа дека ембаргото кон Иран претставува еднострана примена на САД, Донмез рече: „ Впрочем доста е вознемирена и Европската унија (ЕУ). Ние вршиме легитимна трговија. Тоа е од крајно големо значење и од аспект на безбедноста на снабдувањето. Исто така меѓу нас постои и соседско право. Тргуваме со години. Сметам дека треба да се процени во овие рамки.“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез потсети дека моментално турска делегација престојува на разговори во САД и рече: „Се водат преговори во однос на низа прашања вклучувајќи ги и санкциите. Јас сум оптимист од добивање на соодветен позитивен резултат од овој дијалог.“



Слични вести