Во периодот јануари-јули 2018 во Турција се превезени 120 милиони 402 илјади 370 авиопатници

Бројот на авиопатници во Трција во периодот од седум месеци од оваа (2108) година (јануари-јули) изнесува 120 милиони 402 илјади 370

1027539
Во периодот јануари-јули 2018 во Турција се превезени 120 милиони 402 илјади 370 авиопатници

Бројот на превезени патници авионски во Турција во периодот јануари-јули оваа (2018) година во споредба со истиот период минатат (2017) година со раст од 14 насто се зголеми на 120 милиони 402 илјади 370.

Генералната дирекција на Државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ) ги соопшти статистичките податоци за воздушниот сообраќај, бројот на патници и превозот на товар за месец јули оваа (2018) година.

Според тоа, бројот на авиони кои во месец јули слетаа и полетаа од аеродромите на домашни линии во споредба со истиот месец минатата (2017) година со пад од 3,8 насто изнесува 84.799, а на меѓународни линии со раст од 10,8 насто се зголеми на 75.092. Во истиот месец бројот на прелетувања се зголеми за 12,8 насто и достигна до 45.322 летови. На тој начин вкупниот број на авионски летови на кои што им беше дадена услуга со раст од 4,7 насто достигна до 205.213.

Бројот на авиопатници на домашни линии во месец јули оваа (2018) година во Турција со пад од 0,7 насто изнесува 10 милиони 747 илјади 444, а на меѓународни линии со раст од 13,7 насто достигна до 11 милиони 910 илјади 452. Вкупниот број на авиопатници во јули, во спроеда со истиот месец минатата (2017) година со раст од 6,3 насто изнесува 22 милиони 688 илјади 992.

Заклучно со месец јули на аеродромите во Турција е реализиран транспорт на 388 илјади 322 тони товар (карго, пошта и багаж), што претставува раст од 5,2 насто.

Во периодот јануари-јули 2018 година пак вкупниот број на авионски летови на аеродромите во Турција со раст од 8,3 насто достигна до 1 милион 156 илјади 161.

Исто така и бројот на авиопатници во периодот од седум месеци од оваа (2108) година (јануари-јули) во споредба со истиот период минатата (2017) година со раст од 14 насто изнесува 120 милиони 402 илјади 370.

Во истиот период по воздушен пат беа превезени  2 милиони 126 илјади 724 тони товар, што во споредба со минатата година претставува раст од 11,8 насто.

 



Слични вести