Во првата четвртина од 2018 година во Турција патуваа 11 милиони 876 илјади лица

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека во првата четвртина од оваа (2018) година бројот на турските граѓани кои патуваа внатре во земјата изнесува 11 милиони 876 илјади

1026687
Во првата четвртина од 2018 година во Турција патуваа 11 милиони 876 илјади лица

Во првата четвртина од оваа (2018) година бројот на турските граѓани кои патуваа внатре во земјата изнесува 11 милиони 876 илјади и вкупните трошоци за време на овие патувања во споредба со истиот период (првата четвртина) од минатата (2017) година се зголемени за 24,9 насто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК)  ги соопшти резултатите од „Истражувањето за домашниот туризам за семејствата“ во врска со периодот јануари-март 2018 година.

Според тоа, вкупниот број на реализирани патувања на граѓаните кои патувале во првата четвртина од годинава внатре во земјата со престој од повеќе од едно ноќевање, во спроедба со истата четвртина минатата (2017) година со раст од 22,3 насто изнесуваше 15 милиони 486 илјади патувања.

Турските граѓани кои излегоа на патување во првата четвртина од оваа година престојуваа 112 милиони 768 илјади ноќевања. просечниот борј на ноќевања изнесува 7,3 ноќи, додека просечните трошоци на едно патување изнесуваат 407 турски лири.

Трошоците за реализираните патувања на 11 милиони 876 илјади домашни туристи во првата четвртина од оваа (2018) година во споредба со истата четвртина минатата (2017) година со раст од 24,9 насто изнесуваат 6 милијарди 300 милиони 922 турски лири. Трошоците за овие патувања се остварени во вид на лични трошоци или трошоци за пакет тур програми.   

94,2 насто од домашните туристички трошоци, односно 5 милијарди 936 милиони 291 илјада турски лири се остварени лично, додека 5,8 насто односно 364 милиони 631 илјада турски лири во вид на пакет тур програми.

Кога ќе се погледне кон причините за излегување на патување, на прво место со 68,7 насто се наоѓаат реализирани патувања за посета на блиски, а потоа следуваат екскурзии, прошетки за забава и одмори со 15,9 насто и патувања поврзани со здравството со 8,7 насто.

Турските граѓани кои патуваа во земјата во овој период со 92 милиони 187 илјади ноќевања најмногу престојуваа кај свои другари и свои роднини.

Според видовите на престој на второ место по бројот на ноќевања со 8 милиони 254 илјади ноќевања се наоѓаат хотелите, а потоа следуваат сопствени домови на турските граѓани со 6 милиони 982 илјади ноќевања.

 



Слични вести