Во првата половина на 2018 година Турција стана четврти најголем трговски партнер на Узбекистан

Меѓу најголемите трговски партнери на Узбекистан во периодот јануари-јуни годинава на првото место се наоѓа Русија со удел во трговијата од 16 насто, а Турција е на четвртото место со 5,3 насто

1014538
Во првата половина на 2018 година Турција стана четврти најголем трговски партнер на Узбекистан

Турција во првата половина од годинава стана четврти најголем трговски партнер на Узбекистан.

Според објавеното соопштение од Комитетот за државна статистика на Узбекистан, обемот на надворешната трговија на земјата во периодот јануари-јуни изнесуваше 17,7 милијарди долари.

Во наведениот период Узбекистан оствари извоз од 7,8 милијарди долари и увоз од 9,9 милијарди долари, додека  дефицитот во надворешната трговија изнесуваше 2,1 милијарди долари.

Според соопштението, меѓу најголемите трговски партнери на Узбекистан во периодот јануари-јуни годинава на првото место се наоѓа Русија со удел во трговијата од 16 насто.

Потоа како најголеми тровски партнери на Узбекистан редум следуваат Кина со удел од 5,9 насто, Казахстан 8,1 насто, Турција 5,3 насто и Јужна Кореја со удел во надворешната трговија од 4,3 насто.

Во првите шест месеци од годинава на прво место во извозот на Узбекистан се наоѓаат секторот на услуги и енергетските и нафтените производи, а во увозот  машините и опремата и хемиските производи.

Во периодот јануари-јуни од оваа година во извозот на Узбекистан услугите сочинуваат удел од 30,8 насто,  енергетските и нафтените производи удел од 16,4 насто, храната 7,5 насто и хемиските производи 6 насто, додека во увозот машините и опремата сочинуваат удел од 33,8 насто, услугите 24,3 насто, хемиските производи 11,5 насто и прехранбените производи со удел од 8,6 насто.

 



Слични вести