Путин го потпиша указот со кој се предвидува продолжување на санкциите врз некои западни земји

28 земји членки на ЕУ не ќе можат да им продаваат оружје на Русија

1011361
Путин го потпиша указот со кој се предвидува продолжување на санкциите врз некои западни земји

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој се предвидува продолжување на санкциите врз некои западни земји.

Со потпишувањето на указот за продолжување на „контра санкциите“ кој стапи на сила и ќе трае се до 31 декември 2019 година, се предвидува да продолжат санкциите кои ги презеде Русија наспроти санкциите на САД и некои земји членки на ЕУ поради ставот во врска со Украина како и окупацијата на Крим.

ЕУ со одлуката што ја усвои минатата недела поради дестабилизација на Украина, санкциите врз одредени сектори на производите кои се увезуваат од Русија ги продолжи до 31 декември 2019 година.

Како резултат на санкциите кои беа пролонгирани, 28 земји членки на ЕУ не ќе можат да им продаваат оружје на Русија.

Со санкциите се ограничува правото на откуп на некои технологии во сферата на нафтениот и гасниот сектор на Русија од земјите членки на ЕУ.

Меѓудругото се изолираат руските јавни банки од финансискиот сектор на Европа.

Наспроти санкциите на САД и ЕУ, исто така  Русија спроведува санкции врз некои сектори на овие земји.



Слични вести