Пораст на производството на челик во Турција

Производството на суров челик во Турција во периодот јануари-мај во 2018 година во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 4,3 насто и се зголеми на 15,9 милиони тони

1007904
Пораст на производството на челик во Турција

Производството на суров челик во Турција во периодот јануари-мај во 2018 година во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 4,3 насто и се зголеми на 15,9 милиони тони.

Според добиени информации од Здружението на производителите на челик на Турција (ТЧУД), потрошувачката на челикот како финален производ во мај 2018 година на годишна база оствари раст од 20,9 насто и се зголеми на 3,5 милиони тони, и во првите 5 месеци од годинава во споредба со истиот петмесечен период минатата (2017) година со раст од 15,2 насто се зголеми на 13,3 милиони тони.

Производството на суров челик пак во споредба со месец мај во 2017 година годинава во истиот месец (мај) се зголеми за 0,5 насто и достигна до 3,3 милиони тони. 

Кога ќе се спореди со периодот јануари-мај минатата (2017) година во истиот период годинава (2018) е остварен раст од 4,3 насто и производството на суров челик достигна до 15,9 милиони тони.



Слични вести