„Стандард енд Пурс“ го покачи рејтингот на националната скала на Турција

„Рејтингот на Турција според нејзината национална скала за долгорочен период од „trAA“ е покачен на „trAАА“, а за краткорочен период од „trA-1“ е покачен на „trA-1+“, соопшти меѓународната агенција за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс

1002936
„Стандард енд Пурс“ го покачи рејтингот на националната скала на Турција

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ соопшти дека е покачен рејтингот на Турција според нејзината национална скала (National Scale Ratings).

Во објавеното соопштение од „Стандард енд Пурс“ се истакнува дека рејтингот на Турција според нејзината национална скала за долгорочен период од „trAA“ се покачува на „trAАА“, а рејтингот според нејзината национална скала за краткорочен период од „trA-1“ се покачува на „trA-1+“.

Рејтингот на националната скала на „Стандард енд Пурс“ од кои првите две ознаки ја претставуваат ознаката на земјата (Турција) даваат мислење во врска со капацитетот состојбата за доделување кредит на една земја обврзник или за исполнување на одредени финансиски обврски.

Инаку, рејтингот на националната скала не овозможува да се прави споредба меѓу различни земји како што е случај со оценката на кредитниот рејтинг.

 



Слични вести