Предупредување од „Џенерал Моторс“ до Трамп за најавените дополнителни царински давачи

Во писмото на „Џенерал Моторс“ испратено до Трамп се предупредува дека доколку се воведат дополнителни царински давачки за увезените автомобили од Европа тоа ќе значи помали инвестиции за компанијата, намалување во вработувањето и опаѓање на платите

1003108
Предупредување од „Џенерал Моторс“ до Трамп за најавените дополнителни царински давачи

Американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“ (General Motors) предупреди дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни царински давачки за увезените автомобили од Европа тоа ќе значи помали инвестиции за компанијата, намалување во вработувањето и опаѓање на платите.

Во испратеното писмо од страна на „Џенерал моторс“ до американскиот секретаријат за финансии се потсетува на најавата на Трамп минатата недела околу тоа дека за увезените автомобили од Европа ќе се воведат дополнителни царински давачки од 20 насто.

Во писмото се нагласува дека растечките трошоци кои што ќе се појават поради царинските давачки ќе се одразат врз потрошувачите во вид на повисоки цени за возилата кои што ќе ги купат и со тоа ќе опадне побарувачката за нови возила.

Од друга страна, во писмото се предупредува дека доколку не се поскапат цените на возилата и царинските давачки ги плати „Џенерал моторс“ пак тоа ќе значи помали инвестиции за компанијата, намалување во вработувањето и опаѓање на платите.

Во писмото се привлекува внимание дека помалите инвестиции и намалената работна сила ќе и се закануваат на лидерската позиција на САД во сферата на технологијата на автомобилската индустрија и се истакнува дека царинските давачки ќе го намалат присуството на „Џенерал моторс“ во САД и во странство.

Освен тоа во писмото и се одделува место на информацијата дека „Џенерал моторс“ кој во САД обезбедува вработување за приближно 110.000 лица, од 2009 година досега во земјата има инвестирано повеќе од 22 милијарди долари.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп минатиот петок преку својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека доколку земјите од Европската Унија не ги укинат тарифите и трговските бариери кон САД за увезените автомобили увезени од Европа ќе бидат воведени дополнителни царински давачки од 20 насто.

 



Слични вести