Куртулмуш: Во првите 5 месеци од 2018 година постигнат рекорд на сите времиња во туризмот

Министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш истакна дека во првите 5 месеци од годинава Турција ја посетија 11,8 милиони туристи и рече дека оваа бројка претставува рекорд на сите времиња

997372
Куртулмуш: Во првите 5 месеци од 2018 година постигнат рекорд на сите времиња во туризмот

Постигнат рекорд на сите времиња во туризмот.

Министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш истакна дека во првите 5 месеци од годинава Турција ја посетија 11,8 милиони туристи и рече дека оваа бројка претставува рекорд на сите времиња. 

Министерот Куртулмуш говореше на состанокот на Туристичкиот консултационен совет што се одржа во Меѓународниот конгресен уи изложбен дворец Лутфи Кирдар во Истанбул.

Притоа информирајќи дека во првите 5 месеци од 2018 година Турција ја посетија 11,8 милиони туристи, Нуман Куртулмуш рече: „Оваа бројка е рекорд на сите времиња, ви честитам, а во споредба со минатата година е раст од 30,8 насто. Тоа е значајно за Турција и навистина претставува резултат од кој што се гордееме сите. За зголемување на туристичките приходи кои што се паѓаат по глава на лице ќе ги интензивираме нашите квалитетни чекори во туризмот и со соборување на рекорди  ќе обезбедиме силна Турција да стане крајно силна и во сферата на туризмот.“   

Министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш напомена дека на крајот од годината (2018) ќе бидат дочекани 40 милиони туристи од кои ќе се обезбедат туристички приходи во износ од 32 милијарди долари и се надева дека со тоа ќе биде соборен и нов рекорд во туризмот.



Слични вести