Турската економија во првиот квартал на годинава постигна раст од 7,4 насто

Покрај сите економски напади и валкани игри, економскиот пораст на земјава кој се заснова на цврста макро основа ќе продолжи со сета јачина

990179
Турската економија во првиот квартал на годинава постигна раст од 7,4 насто

Гледано од аспект на активностите на Бруто домашниот производ (БДП), земјоделскиот сектор во првиот квартал на 2018 година постигна раст од 4,6 насто, индустрискиот сектор раст од 8,8 насто, додека градежниот раст од 6,9 насто.

Додадената вредност на услужните дејности како што се трговијата, транспортот, ноќевање и јадење достигна раст од 10 насто.

Календарски прилагодено Бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал на 2018 година во споредба со истиот период лани достигна раст од 7,2 насто.

Додека календарски и сезонски прилагодениот Бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал на 2018 во споредба со истиот период лани се зголеми за 2 насто.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во освртот на податоците за економскиот раст на Турција преку профилот на твитер рече:

„Покрај сите економски напади и валкани игри, економскиот пораст на земјава кој се заснова на цврста макро основа ќе продолжи со сета јачина“.

Економијата на Турција во првиот квартал на 2018 достигна раст од 7,4 насто. Гледано од тој аспект, Турција е прва земја на списокот со најголем раст меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), втора меѓу 19 најразвиените економски земји од кои што се состои Г-20. Ќе продолжиме да бидеме една од земјите со најголем економски раст на светот, подвлече Ердоган.



Слични вести