Светската банка соопшти дека годинава очекуваат турската економија да постигне раст од 4,5 насто

Светската банка во Извештајот за глобални економски очекувања изврши делумни ревизии во врска со очекувањата за економскиот раст на некои земји

986791
Светската банка соопшти дека годинава очекуваат турската економија да постигне раст од 4,5 насто

Светската банка (СБ) соопшти дека според проценките, годинава очекуваат турската економија да постигне раст од 4,5, додека претстојните две години раст од 4 насто.

СБ го објави Извештајот Глобални економски очекувања за јуни 2018.

Банката се придржа на очекувањата за глобален раст од пред 5 месеци кои беа објавени во извештајот за глобални економски очекувања и како што истакна, и годинава исто како и лани очекува економски раст од 3,1 насто во светот.

Во извештајот се истакнува дека покрај тоа што светот во последните 10 години бележи рамномерен раст, сепак ризиците кои растат предизвикуваат закана за стабилноста.

Меѓудругото во извештајот се потенцира на растот на финансиските бранувања, политичката неизвесност и геополитичката напнатост, поради што беа изнесени препораки за зајакнување на монетарните и финансиски бафери на пазарните економии во развој и пораст.

Светската банка во Извештајот за глобални економски очекувања изврши делумни ревизии во врска со очекувањата за економскиот раст на некои земји.

Според тоа, економистите на Светската банка, во врска со очекувањата за Турција истакнаа дека годинашниот раст се очекува да изнесува 4,5 додека во претстојните две години 4 насто. Додека во минатогодишниот извештај се предвидуваше раст од 3,5 насто, СБ претпоставките за економски раст за 2019 и  2020 година г зголеми на 4 насто.



Слични вести