Летово „Туркиш ерлајнс“ ќе оствари директни летови од Измир за Минхен, Хамбург, Берлин и Кувајт

Летовите на линијата Измир-Минхен ќе започнат на 7 јули, Измир-Хамбург на 23 јуни, Измир-Берлин на 1 јули

986221
Летово „Туркиш ерлајнс“ ќе оствари директни летови од Измир за Минхен, Хамбург, Берлин и Кувајт

Летово турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе оствари директни летови од аеродромот Аднан Мендерес во Измир за германските градови Минхен, Хамбург, Берлин и Кувајт.

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на „Туркиш ерлајнс“ беше истакнато дека меѓусебните летови на линиите Измир-Минхен (MUC), Измир-Хамбург (HAM), Измир-Берлин (TXL) се планираа неделно по два пати.

Летовите на линијата Измир-Минхен ќе започнат на 7 јули, Измир-Хамбург на 23 јуни, Измир-Берлин на 1 јули.

Летот на линијата Измир-Кувајт (KWI) ќе се реализира еднаш неделно и ќе почне на 8 јуни.

Со поопширни информации за летовите на Туркиш ерлајнс можете да се стекнете преку веб страницата на интернет која гласи „www.turkishairlines.com“ или пак преку телефонот „444 0 849“ на центарот за повици на компанијата како и продажните центри.



Слични вести