Кредит од Газпром за Турскиот тек

Гасоводот Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас од Турција во Европа ќе располага со два гасовода со годишен капацитет од 15,75 милијарди метри кубни

985281
Кредит од Газпром за Турскиот тек

Руската енергетска компанија Газпром на менаџмент компанијата „South Stream Transport B.V.“ на гасоводниот проект Турски тек ќе и обезбеди кредит од 2,14 милијарди евра.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Газпром беше истакнато дека кредитот кој ќе се употреби за обновување на обртните средства на компанијата ќе се додели со каматна стапка од 3,98 насто и дека рокот на исплата на кредитот ќе биде до 2023 година.

Минатиот месец меѓу турската компанија Акционерско друштво за гасоводи и нафтоводи и транспорт на нафта БОТАШ и руската енергетска компанија Гпром беше потпишан протокол за изградба на копнениот дел на проектот Турски тек кој ќе се простира до Европа.

Гасоводот Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас од Турција во Европа ќе располага со два гасовода со годишен капацитет од 15,75 милијарди метри кубни.

Меѓу трасите на вториот гасовод кој ќе го пренесува земниот гас од Русија во Италија се наоѓаат Грција и Бугарија.



Слични вести