Извозот на автомобили се зголеми за 8 насто

Извозот на резервните делови на автомобилската индустрија во Германија достигна раст од 23 насто

984725
Извозот на автомобили се зголеми за 8 насто

Извозот на автомобилскиот сектор кој важи за лидер на извозот на Турција во мај се зголеми за 8 насто во споредба со истиот период лани и достигна 2,8 милијарди долари.

Според податоците за мај кои беа објавени од страна на Унијата на извозниците на автомобилската индустрија Улудаг, секторот во периодот јануари-мај односно првите 5 месеци извозот достигна раст од 17 насто, односно 13 милијарди 894 милиони долари.

Извозот на резервните делови на автомобилската индустрија во Германија достигна раст од 23 насто, во Франција 27, Романија 47 насто,  САД 49, Русија 56 насто.

Исто така во Холандија беше постигнат раст пд 40 насто, во Романија 42 насто, во Русија 94 насто.

Извозот на Турција во својство на земја членка на група во ЕУ постигна извоз од 10 насто односно 2,2 милијарда долари.

Уделот на земјите членки на ЕУ во вкупниот извоз изнесува 80 насто.

Во извозот во алтернативните пазари како што се некои африкански земји и Заедницата на независни држави беше постигнат раст од 33 насто.



Слични вести