Со Турција сме во постојан контакт во врска со гасоводниот проект Турски тек

Бугарија е една од алтернативите за остварување на гасоводниот проект

982658
Со Турција сме во постојан  контакт во врска со гасоводниот проект Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека се во постојан контакт со Турција во врска со остварувањето на гасоводниот проект Турски тек чија делница ќе се простира до Европа.

На прес конференцијата што ја одржа по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Путин одговараше на прашањата на новинарите.

Путин рече дека на средбата со Борисов разговарале и за гасоводниот проект Турски тек.

Во врска со делницата на проектот кој ќе се простира до Европа сме во постојан контат со турските партнери, рече Путин потенцирајќи дека Бугарија е една од алтернативите. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор што го одржавме претходниот ден го потврди партнерството. Со турските и бугарските пријатели конкретно работиме на тоа, рече Путин.

Деталите во врска со испораката на природен гас преку гасоводот Турски тек во Европа зависи од состојбата на другите набавни станици, рече Путин нагласувајќи дека овие детали зависат од сите набавни станици од кои обезбедуваме енергетски извори за европскиот пазар. Сеуште се отворени прашањата во врска со проектот Северен тек 2 со кој се предвидува испорака на природен гас преку Украина.

Борисов изрази желба втората маршрута на проектот Турски тек да помине преку Бугарија, рече Путин додавајќи дека на средбата со претседателот Ердоган никој не се спротивстави на идејата за продолжување на гасоводот Турски тек во Бугарија.

Гасоводот Турски тек со кој се предвидува рускиот гас преку Турција да се испорачува во Европа се состои од две траси од која секоја располага со годишен капацитет од 15,75 милијарди метри кубни.

За напредување на остварувањето на проектот, меѓу маршрутите низ кои се предвидува да поминува проектот се наоѓаат Грција и Бугарија.



Слични вести