Бројот на странските туристи во Турција се зголеми за 32,55 насто

Во првите 4 месеци на годинава Турција ја посетија 7 783 967 странски туристи

982810
Бројот на странските туристи во Турција се зголеми за 32,55 насто

Бројот на странските туристи во Турција во периодот јануари – април 2018 во споредба со истиот период лани се зголеми за 32,55 насто.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за култура и туризам, статистичките податоци за влез и излез на странските туристи, рекордните показатели за туризмот продолжија и во април.

Бројот на странските туристи во Турција во периодот јануари – април 2018 во споредба со истиот период лани се зголеми за 32,55 насто, додека бројот на туристите во април во споредба со истиот период лани се зголеми за 28,27 насто.

Во првите 4 месеци на годинава Турција ја посетија 7 783 967 странски туристи, додека бројот на странски туристи во април изнесува 2 655 561.

99,6 насто од странските туристи кои допатуваа во Турција во периодот од јануари до април, 99,43 насто од туристите кои допатуваа во април, пристигнаа со туристичка цел.

Најмногу туристи во периодот јануари-април 2018 во Турција допатуваа од Иран и тоа 858 017 туристи.

По Иран, со 671 665 туристи следува Германија, додека на трето место со 651 228 се наоѓа Грузија.

Со 292 720 туристи во април Русија беше прва земја со најголем број туристи кои допатуваа во Турција.

По Русија, на второ место од аспект на најголем број странски туристи кои допатуваа во април се наоѓа Германија со 254 863, додека на трето место Бугарија со 202 026 туристи.



Слични вести