Турција од извозот на зачини во периодот јануари-април 2018 заработи 72 милиони долари

Турција од остварениот извоз на зачини во периодот јануари-април во 2018 година заработи 72 милиони долари

982312
Турција од извозот на зачини во периодот јануари-април 2018 заработи 72 милиони долари

Турција од извозот на зачини што го оствари во 150 земји во периодот од јануари до април 2018 година обезбеди приходи во износ од 72 милиони долари.

Според објавеното соопштение од Униите на извозниците од Егејската област, Турција во 2017 година реализира извоз на зачини во износ од 160 милиони долари и делот од 75 насто од овој извоз (120 милиони долари) беше остварен од страна на извозниците на зачини од Егејската област.

Првото место во извозот на зачини го зазеде мајчината дучица, а на второ место е ловоровиот лист.

Во соопштението им се одделува место на ставовите на заменик претседателот на Управниот одбор на Сојузот на извозниците на намештај, хартија и шумски производи на Егејската област Нуреттин Таракчиоглу кој истакна дека разликите во стандардите за храна меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција стануваат причина за соочување со тешкотии при влезот во земјата на производите кои откако ќе се извозат се враќани назад поради различни причини. 

Таракчиоглу рече: „Ние како турски извозници на зачини покажавме дека независно од политичката и економска конјуктура сме крајно динамични и одлучни по прашањето на снабдување  и дека на тој начин сакаме да продолжиме по нашиот пат.“



Слични вести