Мајкрософт стана трета највредна компанија на светот

Вредноста на пазарот на технолошкиот гигант Мајкрософт изнесува околу 753 милијардин долари и оваа компанија остававајќи ја зад себе Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google), стана трета највредна компанија на светот

982003
Мајкрософт стана трета највредна компанија на светот

Технолошкиот гигант од САД Мајкрософт (Microsoft) ја остави зад себе Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google) и стана трета највредна компанија на светот.

Цената на акциите на Мајкрософт на Њујоршката берза вчерашниот ден вторникот го помина со пад од 0,4 насто.

Вредноста на компанијата на пазарот изнесува околу 753 милијардин долари. 

Цената на акциите на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google) пак вчерашниот ден вторникот го помина со загуба од 1,5 насто и вредноста на оваа компанија на пазарот е некаде околу 739 милијарди долари.

Со овој резултта Мајкрософт ја остави зад себе вредноста на пазарот на Алфабет и се искачи на позиција на трета највредна компанија на светот.

Вредноста на пазарот на Гугл ја остави зад себе Мајкрософт за прв пат во 2012 година и уште од формирањето на Алфабет во 2015 година како матична компанија на Гугл, вредноста на пазарот на оваа компанија беше над вредноста на Мајкрософт. 

Од друга страна во последната една година акциите на Мајкрософт се зголемија за 41,2 насто, додека акциите на Алфабет остварија пораст од само 14,5 насто.

Заклучно со вторникот втора највредна компанија на пазарот на светот стана електронскиот трговски гигант Амазон (Amazon) со 782,6 милијарди долари, додека технолошкиот гигант на САД Епл (Apple) сеуште ја брани титулата највредна компанија чија вредност на пазарот изнесува 923,5 милијарди долари.



Слични вести