Потпишан договор за продажба на 30 турски хеликоптери Атак на Пакистан

Хеликоптерот Атак кој се наоѓа меѓу највпечатливите производи на националниот и оригинален производствен модел во турската одбранбена индустрија со одличниот перформанс што го презентира ја подотвори и вратата за извоз

978774
Потпишан договор за продажба на 30 турски хеликоптери Атак на Пакистан

Турскиот хеликоптер Атак развиен и произведен од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ), а со цел обезбедување на потребите нна Турските вооружени сили (ТВС) од офанзивни хеликоптери кон својот успех на терен го додаде и извозот.

Од 2015 година досега во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) и Командата на Жандармеријата се предадени 35 хеликоптери Атак и овие хеликоптери се користат активно во операциите во борбата против тероризмот.

Хеликоптерот Атак кој се наоѓа меѓу највпечатливите производи на националниот и оригинален производствен модел во турската одбранбена индустрија со одличниот перформанс што го презентира ја подотвори и вратата за извоз. 

Во тие рамки позитивно резултираа разговорите во врска со хеликоптерот Атак кои што извесно време продолжуваат со Пакистан.

Согласно резултатот од овие разговори е потпишан договор со Пакистан за продажба на оваа земја на 30 хеликоптери Атак.

Хеликоптерот Атак кој беше подложен на низа тестови во Пакистан на кои постигна успех исто така учествуваше и на прославите на Националниот ден на Пакистан на 23 март кога реализираше и демонстративен лет..

За извоз на хеликоптерот Атак кој со своите супериорни способности со кои што располага се докажа на терен освен Пакистан се водат разговори и со други земји.

Хеликоптерот Атак располага со карактеристики како што се висок перформанс и висока способност за маневрирање, носење асиметричко оружје, слаба видливост, звучна и радарска силуета, отпорност на удари на високи ниво и балистичка толеранција. Овие карактеристики му придаваат повеќестрана супериорна оперативна способност на овој хеликоптер за време на различни борби.

Хеликоптерот Атак за задачи со блиска воздушна поддршка е опремен со некаде околу 76 неводени ракети-проектили и топ од 20 милиметри со капацитет од 500 куршуми муниција, додека за повеќенаменски задачи располага и со 8 антитенковски проектили УМТАС, 16 ласерски водени ракети-проектили Џирит, 8 ракети воздух-воздух Стингер и со најмодерни електронски борбени и електро-оптички системи.

 



Слични вести