Ердоган и Мадуро преку видео конференција потпишаа договор за економска соработка

Во разговорот претседателот Ердоган рече дека обемот на трговската размена меѓу Турција и Венецуела во 2016 година изнесуваше 83 милиони долари а минатата 2017 година достигна до 154 милиони

973702
Ердоган и Мадуро преку видео конференција потпишаа договор за економска соработка

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Венецуела Мадуро преку видео конференција потпишаа договор за економска соработка.

Во разговорот претседателот Ердоган рече дека обемот на трговската размена меѓу Турција и Венецуела во 2016 година изнесуваше 83 милиони долари а минатата 2017 година достигна до 154 милиони. Во првите 3 месеци од годинава бројката се искачи на половина милион долари што сите не израдува.Се надевам дека до крајот на годинава оваа бројка ќе се искачи на 2 милијарди долари.

Ердоган во продолжение изрази надеж изборите во Венецуела закажани за 20 мај да поминат во мирна атмосфера и му пожела успех на Мадуро.Тој потсети дека на 24 јуни и во Турција ќе се одржат општи избори.

Ердоган додаде дека чувствува големо задоволство од најавеното присуство на претседателот Мадуро на вонредниот самит во Истанбул на Организацијата за исламска соработка.

Претседателот Мадуро му се заблагодари на претседателот Ердоган на топлите поздрави и за желбата изборите на 20 мај во неговата земја да поминат во мирна атмосфера.

Подвлекувајќи дека и двете страни вложуваат напори за унапредување на билатералните односи претседателот на Венецуела Мадуро рече дека договорите за соработка особено оние од сферата на економијата претставуваат вистинска основа за унапредување на односите меѓу двете пријателски држави.

 



Слични вести