Мехмет Шимшек: Инвестициите треба да се пренасочат кон попродуктивни сфери

Потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек истакна дека инвестициите треба да се пренасочат кон попродуктивни сфери

964578
Мехмет Шимшек: Инвестициите треба да се пренасочат кон попродуктивни сфери

Потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек учествуваше на отворањето на Самитот на амбасадори за наука на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во организација на Здружението на амбасадори за наука.

Шимшек во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека инвестициите треба да се пренасочат кон попродуктивни сфери.

Укажувајќи на значењето од формирање на конкурентна средина Мехмет Шимшек напомена дека во земја во која нема конкуренција не може да се зборува за продуктивност и објасни дека за зголемување на продуктивноста се реализираат големи инвестирања во инфраструктурата.

„Инвестициите треба да ги пренасочиме кон попродуктивни сфери. Треба да ги пренасочиме кон машинска опрема, истражување и развој и софтвер“ - рече Шимшек и појасни дека Турција во голема мера го реши проблемот на достапност во образованието.

Мехмет Шимшек рече: „Она што е главно критично е да се достигне до човечки капитал што го налага четвртата индустриска револуција.“

Нагласувајќи дека постои уште едно значење поради тоа што овде доаѓаат научници од светот, потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек го додаде следното: „Се појави значајна разлика помеѓу перцепцијата кон Турција и нејзината реалност. За надминување на ова пак од една страна треба да реализираме реформи. Од друга страна всушност имаме потреба нашите научници во светот да вложуваат напори како амбасадори. Реалната презентација на состојбата во која се наоѓа Турција кон надвор од страна на нашите научници е од критично значење.“



Слични вести