Во Сеул се одржа Турско-јужнокорејски бизнис форум

Нашите приватни сектори нека формираат механизам за соработка со трети земји

962179
Во Сеул се одржа Турско-јужнокорејски бизнис форум

Министерот за економија Нихат Зејбекчи рече дека Турција ги очекува јужнокорејските инвеститори во земјата.

Под претседателство на министерот за економија Нихат Зејбекчи и корејскиот министер за трговија, индустрија и енергија Паик Ун-гју во Сеул се одржа Турско-јужнокорејски бизнис форум.

Министерот Зејбекчи во говорот во оваа прилика рече дека 5 од 10-те мега проекти гледано од аспект на 2017 година се во Турција, потенцирајќи дека земјата ќе продолжи да важи за лидер во остварувањето на проектите.

Африка и Блискиот Исток повторно ќе се изградат во претстојните години, рече Зејбекчи потенцирајќи дека во овие региони постојат извонредни можности за соработка. Заедничкото финансирање на турскиот и корејскиот претприемнички сектор како и со можностите на корејската технологија, многу лесно може да се стане лидер во овие региони, рече Зејбекчи.

Нашите приватни сектори нека формираат механизам за соработка со трети земји, врз основа на тоа владите на двете земји да ги подржиме овие активности. Нека се состанат претставниците на турската и корејската ексимбанка, нека формираат заеднички фонд, нека обезбедат финансиски средства, камати, кредитна поддршка на проектите кои ќе бидат изведени од страна на компаниите на двете земји.

Министерот за трговија, индустрија и енергија на Јужна Кореја Паик Ун-гју се осврна на тешкотиите со кои се соочуваат како последица на трендот на заштита во трговијата во последните години во светот и рече дека извозот на Јужна Кореја во Турција се зголеми за 35 насто, потенцирајќи дека и извозот на Турција во Јужна Кореја се зголеми за 35 насто.

Министерот Паик меѓудругото додаде дека економските односи меѓу двете земји треба активно да напредуваат и дека се налага потреба и од соработка во високата технологија.

Паик потсети дека продолжува остварувањето на проектите во сферата на транспортот и инфраструктурата согласно визијата 2023 на Турција (100 годишнината од формирањето на Републиката), поради што се налага потреба од поактивна соработка и во сферата на инфраструктурата. И Јужна Кореја бара да соработува со Турција во оваа сфера. Можете да верувате дека корејската влада ќе ги подржи напорите за соработка на бизнисмените на двете земји, подвлече Паик.



Слични вести