Реакција од вицепремиерот одговорен за економија Мехмет Шимшек против Стандард енд Пурс

Вицепремиерот одговорен за економија Мехмет Шимшек истакна дека внимание буди тоа што рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс кредитната оценка на Турција ја соопшти понапред од планираното

962532
Реакција од вицепремиерот одговорен за економија Мехмет Шимшек против Стандард енд Пурс

Вицепремиерот одговорен за економија Мехмет Шимшек на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер направи проценка на одлуката на меѓународната рејтинг агенција Стандард енд Пурс во врска со кредитната оценка на Турција.

Шимшек истакна дека внимание буди тоа што рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс кредитната оценка на Турција ја соопшти понапред од планираното.

Велејќи дека одлуката на Стандард енд Пурс буди доста внимание од аспект на тајмингот, Мехмет Шимшек потсети дека оваа рејтинг агенција за која станува збор претходно планираше кредитната оценка на Турција да ја преразгледа во месец август.

Шимшек напомена дека не станува збор за евентуален развој кој што би ја изнел потребата од поместување нанапред на одлуката за намалување на кредитната оценка.

Мехмет Шимшек истакна дека намалувањето на кредитната оценка по донесената одлука за одржување на предвремени избори е погрешно од аспект на тајмингот и нагласи дека исто така ја смета за недоволна и анализата на рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс. 

Велејќи дека оваа година се забележува сериозно опоравување во туризмот, вицепремиерот задолжен за економија Мехмет Шимшек рече: „Заклучно со денес ставаме во примена една значајна реформа во правец на управувањето на фирмите со ризикот од курс. Реализиравме една многу обемна реформа која ќе ја подобри средината на инвестирање. По претседателските и парламентарните избори на 24 јуни ќе ги интензивираме уште повеќе реформите.“

Шимшек потсети дека поместувањето на изборите нанапред ја намали политичката неизвесност и дека пазарите реагираа позитивно на оваа одлука.



Слични вести