Нов период во извозот на домати во Русија

Денес официјално завршува ограничувањето на Русија на турските фирми кои извезуваат домати во оваа земја

961947
Нов период во извозот на домати во Русија

Претседателот на Сојузот на извозниците на свежо овошје и зеленчук на Егејот Хајретин Учак во изјавата за печатот потсети на соопштението на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор во кое беше истакнато дека од 1 мај 2018 година се укинува ограничувањето за увоз на домати од Република Турција кои не содржат доматни молци од местата на производство до дистрибутивните места.

Оваа одлука има многу големо значење за производителите, рече Учак изразувајќи благодарност до Министерството за храна, земјоделство и сточарство и Министерството за економија кои водена интензивна дипломатија и преговори и одиграа значајна улога во усвојувањето на оваа одлука.

Со официјалното укинување на бројот на увозничките фирми од Турција, нашите производители веднаш ќе стапат во контакт со руските купувачи и ќе направиме се што е во наша можност за подобар пласман на производите на нашите производители и заработување девизи средства на сметка на државата.



Слични вести