Постигнат рекорд на сите времиња во бројот на туристите кои допатуваа во Турција

„Во првите 3 месеци од оваа година (2018) во Турција допатуваа 5 милиони 138 илјади туристи и тоа претставува рекорд на сите времиња“ - рече министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш

959940
Постигнат рекорд на сите времиња во бројот на туристите кои допатуваа во Турција

Министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш присуствуваше на церемонијата на потпишување на протоколот на Консултациониот совет за туризам во Истанбул.

Куртулмуш истакна дека во првите 3 месеци од оваа година (2018) во Турција допатуваа 5 милиони 138 илјади туристи, што пак како што рече тоа претставува рекорд на сите времиња.

Потсетувајќи дека туризмот е дојден  во положба на значаен сектор за целиот свет, а не само за Турција, Нуман Куртулмуш рече: „Туризмот претставува стратешки сектор на Турција. Ако размислиме дека туристичкиот сектор со бројките од 2017 година достигна до потенцијал од 32 милијарди долари, туристичкиот сектор почнувајќи од оваа година ќе достигне до моќ самата горе-долу да го покрие трговскиот дефицит на Турција.“

Куртулмуш напомена дека туристичките приходи кои што минатата година (2017) изнесуваа 26 милијарди долари оваа година (2018) ќе бидат зголемени на 32 милијарди долари и го додаде следното: „Целиме кон 40 милиони туристи. Така се надевам дека и во 2023 година како Турција ќе достигнеме до 50 милиони туристи и туристички приходи од 50 милијарди долари.“

Во врска со бројките кои што се однесуваат на првиот квартал од годинава пак, министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш рече: „Знаеме дека бројот на туристите кои годинава ќе допатуваат од Русија ќе достигне до ниво од 50 милиони. Веројатно и бројот на туристите кои ќе допатуваат од Германија ќе изнесува приближно 4 милиони. Ете јасно се гледаат бројките од првите три месеци. Според бројките од првите три месеци, во јануари, февруари и март во Турција допатуваа 5 милиони 138 илјади туристи. Тоа претставува рекорд на сите досега изминати години. Кога ќе направиме споредба помеѓу првите три месеци и минатата година претставува раст од приближно 35-36 насто.“



Слични вести