Зејбекџи: Во првиот квартал од 2018 се очекува раст од приближно 7,5 насто

Министерот за економија Нихат Зејбекџи истакна дека во првиот квартал од 2018 година се очекува раст од приближно 7,5 насто и турската економија и оваа година ќе биде земја број еден во економскиот раст

959351
Зејбекџи: Во првиот квартал од 2018 се очекува раст од приближно 7,5 насто

Министерот за економија Нихат Зејбекџи истакна дека во првиот квартал од 2018 година се очекува раст од приближно 7,5 насто.

Министерот Зејбекџи во Измир говореше на самитот на извозниците и инвеститорите во заедничка организација на групата на Исламската банка за развој и Турската Ексимбанка.

Нагласувајќи дека повеќето од половината од минатогодишниот економски раст од 7,4 насто беше остварен од страна на инвестициите на приватниот сектор и од извозот, Зејбеџи рече: „Во врска со првиот квартал од 2018 година мошне голема е веројатноста повторно да ја доловиме бројката на раст од некаде околу 7,5 насто.“  

Министерот за економија Нихат Зејбекџи додаде дека турската економија и во 2018 година ќе биде земја број еден во економскиот раст.



Слични вести