ЕУ го забрани увозот на месо и пилешко од Бразил

Европската комисија го забрани увозот на месо и пилешко од 20  капацитети за преработка на месо во Бразил

955479
ЕУ го забрани увозот на месо и пилешко од Бразил

Европската комисија го забрани увозот на месо и пилешко од 20  капацитети за преработка на месо во Бразил.

Комисијата воедно иститие капацитети ги стави на црниот список поради недоволна контрола на месото.

Одлуката ќе стапи во сила по 15 дена.

Министерството за земјоделие на Бразил Блаиро Маги се закани дека ќе поднесат жалба до Светската трговска организација.

Инаку минатата година голем број земји донесоа забрана за увоз на месо по скандалот со расипаното месо.

Минатиот месец 4 извозни капацитети на бразилската компанија за месни происводи БРФ беа обвинети дека незаконски го корегирале извештајот за откриено присуство на салмонела во нивните месни производи. Веднаш потоа бразилската влада привремено го забрани извозот на пилешко месо на 10 живинарски фарми на компанијата БРФ.

Министерството за земјоделие на Бразил и покрај тоа, како контра мерка пред евентуално ограничување увоз на Европската унија, го ослободи извозот на капацитетите за преработка на месо и на живина.

 



Слични вести