Кина во блиска иднина ќе стане еден од најзначајните туристички партнери на Турција

Министерот за култура и туризам на Турција, Нуман Куртулмуш во рамките на неговата посета на Кина по повод „Година на турскиот туризам“, учествуваше на кинескиот Саем за туризам и патувања , кој се одржува во Пекинг

953851
Кина во блиска иднина ќе стане еден од најзначајните туристички партнери на Турција

Министерот за култура и туризам на Турција, Нуман Куртулмуш, истакна дека Кина во блиска иднина ќе стане еден од најзначајните туристички партнери на Турција.

Куртулмуш, во рамките на неговата посета на Кина по повод „Година на турскиот туризам“, учествуваше на кинескиот Саем за туризам и патувања , кој се одржува во кинескиот главен град Пекинг.

Куртулмуш, во изјава за медиумите на Саемот, нагласи дека се организирани над 60 промотивни активности во рамките на „Годината на турскиот туризам“, и дека иако Турција и Кина просторно се многу оддалечени, тие се блиски од културен аспект.

Тој рече дека двете земји имаат широко цивилизациско искуство, и дека туризмот е важен елемент што ги зближува земјите.

„Организирање промотивни активности во азиските земји како Кина, Индија, Јужна Кореја, Јапонија, Малезија и Индонезија, во новиот период ќе биде приоритет на нашите туристички стратегии“, додаде Куртулмуш.

Истакнувајќи дека населението на овие шест земји е еднакво на околу половина од светската популација, Куртулмуш рече дека минатата година 130 милиони лица само од Кина патувале во странство, и дека ќе продолжат со активностите за зголемување на бројот на кинески туристи во Турција во 2018 година.

„Минатата година Турција ја посетија околу 250.000 туристи од Кина) Нема ниту една причина годинава оваа бројка да не се зголеми на 500.000 лица“, нагласи тој, и истакна дека со зголемување на летовите на „Turkish Airlines“ (Туркиш Ерлајнс) од Кина, ќе се отвори патот повеќе туристи да ја посетат Турција.

„Кина во блиска иднина ќе стане еден од најзначајните туристички партнери на Турција“, рече министерот за култура Нуман Куртулмуш .



Слични вести