Турција постигна историски успех во извозот во март

Од системот досега за 23 проекти 19 фирми се стекнаа со право на искористување на овие инвестициони стимулации

947671
Турција постигна историски успех во извозот во март

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција постигна историски успех во извозот во март.

Во говорот на промоцијата на системите за стимулации за поттикнување на економскиот раст кои се засноваат на проекти и доделувањето на потврдите за инвестиции чии подготовки завршија во 2017 што се одржа во Културниот и конгресен центар Бештепе Миллет, претседателот Ердоган рече:

„Порастот на годишниот извоз од 36 на 160 милијарди долари најавува историски успех“.

Системот за стимулации за поттикнување на економскиот раст кој се заснова на проект ќе даде придонес од 6 милијарди 318 милиони долари, рече Ердоган потенцирајќи дека системот ќе го намали увозот за 12 милијарди 312 милиони долари.

Од системот досега за 23 проекти 19 фирми се стекнаа со право на искористување на овие инвестициони стимулации.

Енергетските потфати и производството на производи кои се засноваат на висока технологија, ќе обезбедат Турција од корен да го реши проблемот со тековен дефицит.



Слични вести